Centar.mk
ЛОКАЛНО

Реконструкција на атмосферската мрежа на булеварот 8 Септември

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје извршија реконструкција на атмосферската мрежа со профил ф200 во должина од 70-ина метри на булеварот 8 Септември.

Со овој зафат се дејствуваше на подобрување на функционалноста на атмсферската мрежа и се овозможи нејзино непречено функционирање.

Потребата за изведба на реконструкцијата на атмосферската мрежа се јави по нејзиното затнување како резултат на преплетување корења. Во текот на активностите поправени се 7 сливници и старите салонитни цевки се заменети со нови пластични, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК

Апел од СВР Струмица: Не палете стрништа – закана од пожари!

ДЕСК