14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Со денови се кријат ранг-листите на проектите што аплицирале преку „Еразмус+“

Навршува речиси една недела по излегувањето на скандалот со сомнеж за злоупотреба на пари во Националната агенција, со која раководи Лидија Димова, а сè уште нема никаков потег и чекор од страна институциите, рече на денешната прес-конференција, Димче Арсовски, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лидија Димова сè уште оди на работа и не дава оставка, сè уште прима огромна плата, сè уште се вози во две луксузни возила купени на лизинг од речиси 100.000 евра и сè уште постои простор да влезе и во друга афера и друг скандал од ваков тип“, предупреди партискиот портпарол.

Ставот на неговата партија е дека Лидија Димова треба да си даде оставка уште веднаш.

„Дополнително, 6 дена се кријат ранг-листите на сите рангирани конкуренти за проекти што аплицирале преку програмата ‘Еразмус +’. Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг-листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добил парите?“, запраша Арсовски.

Според него, Димова треба јавно да ги објави рангирањата и бодирањата на проектите за да се тргне сомнежот од рангирањата.

„Сепак, тоа не ја исклучува од целиот скандал, каде што има сомнеж дека се проневерени пари. Само по себе е скандал што фризерница добива проект за медиумска писменост и едукација и неколку други проекти во вредност од над 270.000 евра, а не, пак, рангирањето, кое дополнително фрла сериозни сомнежи на целиот процес“, нагласи претставникот на опозициската партија и ги повика надлежните институции што побргу да почнат постапка за целиот случај.

Спонзорирано: