23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс-периодот за кредитите од Развојната банка

Повикот за поднесување барање до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на посебниот кредитен фонд „Ковид 1“ трае до денеска до 23.59 часот. Повикот е достапен на веб-страницата на Развојната банка, од каде што може да се преземе барањетo.

Најбрз начин како може да го доставите барањето до Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје е преку испраќање на барањето на имејлот kreditiranje@mbdp.com.mk.

Јавниот повик е дел од четвртиот сет економски мерки што ги спроведува Владата и нуди можност за кредитокорисниците на бескаматната кредитна линија „Ковид 1“ да ги продолжат грејс-периодот и периодот на отплата на кредитите за дополнителни три месеци. Преку оваа кредитна линија беа поддржани 737 домашни компании, кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од нив, 77 % се микрокомпании, кои вработуваат до 10 лица, 21 % се мали компании што вработуаат до 50 лица и 2 % се компании со средна големина што вработуваат до 250 лица.