Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се враќаат рестрикциите – Еве какви ќе бидат новите мерки

Согласно епидемиолошка слика и анализите на ИЈЗ, како и препораките на Комисијата за заразни болести, донесовме одлука за препорака до Владата на нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот.

➡️ Забрана за групирање во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште може да се примат најмногу четири луѓе. На семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса, плус најмногу четворица други.

➡️ Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од четири луѓе. Забрануваме групирање по паркови, безниски пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани

➡️ Задолжително носење на маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, затворено во било кои јавни објекти, на работно место, и во јавен и приватен транспорт. Исклучок е при спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт во приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство. При седење во угостителски објект со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, престој во службени простории – канцеларија ако лицето е само во просторијата. Исклучок од задолжително носење на маска имаат и децата до 6 години, односно до претшколска возраст.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК