Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гаши со честитка по повод Велигден

Честитка до верниците по повод Велгиден од Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија:

По повод големиот христијански празник, Велигден, до сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој.

Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок.

Посакувам празничните денови да донесат радост во домовите, спокој во срцата и надеж за подобро утре. Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани.

Честит Велигден!

Африм Гаши
Претседател на Собранието на Република Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК