Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против нови работни места, глумат загриженост за коронавирусот, а организираат собири кои се опасност по јавното здравје

ВМРО-ДПМНЕ до толку се изгуби во својата деструктивност што почна да се противи на нови инвестиции и отворање на нови работни места, се вели во соопштението на СДСМ.

– Претседателот Зоран Заев присуствуваше на отворање хотел во Кочани во време кога туристичкиот сектор се соочува со сериозни предизвици поради коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски по секоја цена останува посветена на деструкција, на ширење лажни вести како единствен начин на нивно делување.

ВМРО-ДПМНЕ наутро глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, а попладне организира собири на кои масовно се кршат мерките и задолженијата за заштита од КОВИД 19. Таканаречените протести на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за спас на фотелјата на Мицкоски се опасност по јавното здравје.

ВМРО-ДПМНЕ нема што друго да понуди освен деструкција. Затоа губи три пати на озбори и затоа уште долго ќе е опозиција, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК