Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Лажна вест е дека судот во Стразбур одлучил аболицијата на Иванов да важи

„Класична лажна вест е дека судот во Стразбур одлучил аболицијата на Иванов да важи. Она што е точно е дека пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одредени лица обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО почнаа постапка со која ги проблематизираат тековните судски постапки во Северна Македонија, од аспект на аболициите на Иванов“, сподели министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25 септември оваа година, на одговор до Владата на Република Северна Македонија доставиле две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, a во однос на предмети кои се тековни пред домашните судови и се во врска со прислушкуваните разговори.

Но, овие апликации не се одлучени од страна на ЕСЧП, туку на 25 септември само се доставени на одговор до Владата на Северна Македонија, а постапката за нивно одлучување треба допрва да почне наредната година, тврди министерот.

„Апсолутна шпекулација се информациите за евентуалните последици по тековните предмети пред домашните судови, кога предметните постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, а за исходот од постапките, секако ќе треба да се почека одлуката на ЕСЧП која може да дојде и по 3 години. Сепак, со ширењето на лажната вест дека предметите потонале се врши притисок врз домашната правосудна власт да не одлучува по овие предмети. Но, исто така се открива и визијата за Правдата во очите на опозицијата. Нивна единствена визија за правда е аболицијата на Иванов. Судските процеси ќе продолжат по постоечките закони на нашата држава, а правда мора да има за сите“, додава Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК