Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најавена платформата #ЗаТатковинатаСоЉубов

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во своето интервју за магазинот “Капитал” најавува формирање на своевиден тинк-тенк на државата кој ќе има за цел на едно место да го донесе знаењето, искуството и предлозите на сите економски експерти од земјава без разлика на нивниот политички беграунд или приврзаност кон определена економска школа.

„Потребна е долгорочна стратегија за економски развој и тоа мора да го направиме инклузивно преку вклучување на сите експерти кои и мислат добро на нашата татковина” – вели Битиќи и надополнува: “Платформата #ЗаТатковинатаСоЉубов во својата иницијална фаза е замислена како тело кое ќе ги обединува водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање и др. и ќе претставува своевиден тинк-тенк на државата за сите прашања поврзани со стратешкиот развој на домашната економија.”

Можеби ќе ве интересира

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

ДЕСК

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК