Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Познат идентитетот на починатите во тешката сообраќајка на патот Штип – Виница

Синоќа на магистралниот пат А3, на делницата од Штип до Виничка крстосница, се случила сообраќајна незгода во која животот го загубија две лица.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале возило „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од В.И.(49) од селото Истибања, виничко и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од Г.Подлог, кочанско.

„Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., додека возачот на патничко моторно возило„фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК