3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Многу производи ќе бидат поевтини за 18 отсто – Премиерот Зоран Заев откри кога ќе биде викендот без ДДВ

– Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викендот без ДДВ за сите граѓани, најавува премиерот Зоран Заев.

-Конечно, продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, вели премиерот Заев во интервју за Локално.

Како ќе функционира викенд без ДДВ?
Според информациите на Centar.mk, за време на т.н. Викенд без ДДВ граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Неофицијално, се очекува, сето тоа да оди преку актуелната апликација МОЈ ДДВ, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат во продавниците, салоните за мебел, бутиците и тн.

Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли во т.н. викенд без ДДВ.

Пример доколку биде купен мебел од некоја македонска компанија во вредност од 20.000 денари, а даночната стапка изнесува 18 проценти, истото парче мебел на крајот ќе ве чини За околу 3.050 денари помалку.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T