Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Во Македонија има доволно затвори за да се сместат криминалците од земјата

Министерот за правда, Бојан Маричиќ во своето соочување со претседателот на Комисјата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиоски на тв 24, во два наврати одговори на провокативната реторика позната за опозициската партија.

На прашањето од Менкиоски „Дали министерот Маричиќ знае колку затвори има во Македонија?“, Маричиќ едноставно рече „Доволно. Доволно за да ги смести сите криминалци“.

Во коалицискиот договор јасно дефиниравме дека законот ќе важи подеднакво за сите и дека правдата и владеењето на правото е приоритет заедно со економијата и европските интеграции и дека заедно тимски ќе работиме на спроведувањето на оваа задача. Апсолутна поддршка за тоа имаме од ДУИ, а тоа денеска го потврдивме и со заменик-министерот Агим Нухиу. Јас до сега немам дилеми за тоа.

Ова го посочи министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашната Анализа на ТВ 24 и додаде дека веќе три години во земјава нема пресуди по телефон на сметка на зголеманата борба за поголема ефикасност и независност на судството и воопшто не станува збор за базичното право на судиите да донесат одлука.

-Нема да има пресуди во четири очи, ниту на телефон. Очекуваме судиите да одлучуваат по своја волја и по закон без мешање на извршната власт и со задржување на поделбата на власта. Довербата во судството заначи доверба и во системот затоа што кога немаат граѓаните доверба во судството немаат ни во системот. Имаме предуслови довербата да ја качиме еден степен погоре, рече Маричиќ.

Подоцна во разговорот, соговорниците повторно се навратија на темата за бројот на затвори, на што министерот Маричиќ возврати со „Колку кривични пријави има против функционери на ВМРО-ДПМНЕ?“

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК