Републичката изборна комисија на Србија на 5 ноември го усвои вкупниот извештај за парламентарните избори. Според конечните резултати, листата „Студенти побеђују“ освои 140 мандати во парламентот со 250 пратенички места.
За студентската листа гласале 2.354.417 избирачи. Листата „Александар Вучић – Уједињена Србија“ добила 1.731.323 гласа и 103 мандати, додека преостанатите седум места им припаднале на малцински листи.
Извештајот ги опфаќа гласањето од 25 октомври и повторените избори на 53 избирачки места на 1 ноември. Со 140 мандати, студентската листа располага со повеќе од половината пратенички места во идниот состав.


