Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10 честичките не работат, велат од Министрството за здрава и животна средина.

Проблем има со инструментите за мерење на PM10 во Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица, Карпош, Ректорат, Центар, како и мобилната станица која моментално е лоцирана во Ѓорче Петров.

Министерството тврди дека мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во Карпош и Струмица биле исклучени поради технички проблем.

Мерните инструменти, пак, за мерење на PM10 во Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години, велат од Министерството.

Додаваат дека мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем, додека инструментите за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар не се во функција поради престанок на работата на фабриката на производителот Orion, и за нив немало резервни делови. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители.

Од Министерството посочуваат дека годинава во тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК