11.8 C
Скопје
26. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarБизнис

Одлична вест за време на корона: Просечната плата скокна за цели 8,5 проценти

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули година изнесува 27.231 денар, објави Државниот завод за статистика (ДЗС), и таа е за 8,5 отсто поголема од нето просечната плата во истиот месец минатата година. Или, индексот на просечната плата јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 108,5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на платите во секторот образование, за 12,7 отсто, во информации и комуникации кои се зголемиле за 12,4 отсто и во дејностите на здравствена и социјална заштита со пораснати плати за 12,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Највисока просечна нето плата во јули биле исплатена во компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности, 68.557 денари, што е за 14,4 отсто поголема од истиот месец лани, како и во снабдувањето со електрична енергија, гас пареа и климатизација, 39.869 денари, односно за 4,7 отсто поголема од просечната плата исплатена во јули 2019 година.

Најниската просечна плата во јули годинава, пак, е евидентирана во туристичките агенции и организатори на патувања, 16.410 денари и истата е за 6,6 отсто поголема од нето платите во истиот месец минатата година.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Ги исполнуваме изборните ветувања, просечната плата достигнува 30.000 денари

M T

Просечната плата во јуни 28.744 денари

M T

Даниела Колева: Раст на просечната плата од 8,8 отсто, македонската економија е стабилна и развојна

M T

Просечната плата за април изнесува 28.438 денари

M T

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто

CENTAR MKD

Многу производи ќе бидат поевтини за 18 проценти само два дена – Најавен е Викенд без ДДВ, како ќе функционира тоа?

CENTAR MKD