Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Подгответе се за промена – Температурите во опаѓање, невреме во Македонија

Утре попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните подрачја. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 18.09.2020
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°С до 30°C
Променливо облачно. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 19.09.2020
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 20.09.2020
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК