Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

АПСЕЊЕ НА ЌАФАСАН: Албански државјанин приведен при влез во Македонија

На 19.06.2026 година во 16:05 часот, на Граничниот премин Ќафасан, при влез во Република Северна Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Т.(40) од Република Албанија, поради недолично однесување кон полициските службеници при вршење на службени дејствија.

Лицето било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.