16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Ќе се справиме со коронавирусот само ако сме здружени и ако ги почитуваме мерките

– Борбата со пандемијата продолжува и ќе се вжештува. Ова мора да ни биде првата мисла при будење додека не ја извојуваме и оваа битка со овој невидлив непријател. Но како и светот, така и ние, ќе се справиме само ако сме здружени и ако ги почитуваме мерките. Ова важи за сите. Без исклучоци, рече премиерот Зоран Заев, на денешната прослава по повод 8-ми септември денот на независноста.

– Ќе успееме. Заедно сме во ова, заедно ќе успееме. Обезбедивме функционалност на здравствениот систем и секому му е пружена соодветната здравствена заштита. Оваа пандемија уште посилно ја потврди нашата заложба и во овој мандат да продолжиме со инвестирање во здравствениот систем.

Инвестирање во инфраструктура и опрема, од кои особено важен е проектот изградбата на нов, модерен Клинички центар во Скопје, како и постојаното вложување во човечкиот капитал. Преку добро платен, мотивиран и посветен здравствен кадар да градиме ефикасен здравствен систем.

Освен грижата да се зачува најскапоценото, здравјето на граѓаните, во справувањето со оваа криза спроведовме и низа економски мерки. Мерки со кои се обезбеди егзистенцијата за голем број граѓани, се зачуваа работните места и се одржуваше кондицијата на економијата. Владата продолжува со нови антикризни мерки да ги поддржува ранливите категории граѓани и најпогодените економски сектори, рече Заев.

Спонзорирано: