Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев ја повика опозицијата опозицијата да ги напушти тесноградите партиски интереси и да покаже државничко однесување

– Ја извадивме државата на прав пат и сега започнува периодот на најинтензивната македонска европеизација. Приклучете се, успехот ќе биде многу поголем ако секој граѓанин даде свој автентичен придонес. Дајте свој белег на македонскиот успех. Секој од вас е важен и потребен. Во граѓаните гледаме коректив, но и партнер, вели Зоран Заев, премиер на Македонија на денешната прослава по повод независноста.

– Следете ја нашата работа и испраќајте гласни, конструктивни и аргументирани забелешки. Ние, како и досега, ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби.

Во таа насока ја повикувам опозицијата да ги напушти тесноградите партиски интереси и да покаже државничко однесување.

Патот кон независност е поплочен со заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации во македонската историја. Ја имаме неповторливата можност Северна Македонија да седне на своето столче на масата на европските држави.
Тоа е шанса која нема да ја пропуштиме., рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК