Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во тек се сериозни разговори за формирање нова влада која обезбедува грижа за сите еднакво

СДСМ почна сериозни темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии, кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во парламентот и формирање посветена влада, која ќе се движи бргу напред по европскиот пат и патот на економијата и правдата, соопшти СДСМ.

„Разговараме исклучиво за формирање влада која се грижи за сите граѓани еднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или каков било национализам. Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат, кој се вика Северна Македонија – едно општество за сите.

На 15 јули граѓаните на фер, слободни и демократски избори го дадоа правецот, дадоа силна поддршка грижата за сите во едно заедничко општество да продолжи уште повеќе и уште подобро.

Тоа го побараа граѓаните на изборите и тоа новата влада предводена од СДСМ и ќе го испорача. За две и пол години покажавме дека знаеме и умееме. Во следниот четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +