Под влијание на циклонска активност од утре следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.
Прогноза за 06.08.2020
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 22°С до 28°C
Претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=5
Прогноза за 07.08.2020
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 30°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. УВ=6
Прогноза за 08.08.2020
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. УВ=6