На 22.09.2026 во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во дворно место на куќа во Гостивар, 16-годишна малолетничка од Гостивар управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала, објави МВР.
Од падот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Гостивар, додека со телесни повреди 16-годишната малолетничка, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.


