Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Државата подели 300.000 картички со кеш за купување на македонски производи

Да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како Домашна платежна картичка беше навистина голем предизвик напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Таа додаде дека заклучно со 25-ти јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички.

„Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори – 9.200 се прифатени, од кои – 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход.”, објави Ангеловска.

Министерката за финансии за домашната платежна картичка истакнува дека е прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање и се реализира во координација со голем број државни институции и банки што се вклучени во проектот.

„Исклучително краток период. Оптимално дизајнирање за да даде максимални ефекти со фокус на македонските производи и услуги. Покрај главната цел на мерката – да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, ја креиравме на оптимален начин да даде и други значајни ефекти на патот кон современо опшество”, додава Ангеловска.

Значајни ефекти од домашната платежна картичка:

Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата;
Кревање на свеста за домашното;
Зголемување на безготовинските плаќања кои се директно поврзани со неформалната економија;
Промена на навиките;
Подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите.
„Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само 2 недели”, заклучи за крај Ангеловска.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК