3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Град Скопје дели бесплатни клима уреди во вредност од 1000 евра – еве како да аплицирате

Во текот на изминатите 15 дена поднесени се 1.350 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања. Според досегашните бројки, следната зима во Скопје би требало да има околу 1.350 домаќинства кои ќе го сменат начинот на греење, или кажано поинаку, ќе имаме околу 1.350 потенцијални загадувачи помалку од претходната грејна сезона. Ова значително ќе го подобри квалитетот на воздухот затоа што директно ќе влијае во борбата против загадениот воздух.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T