Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(ВИДЕО) Силно невреме проследено со град вечерва во делови од Преспа

Во делови од Преспа вечерва е забележана појава на град и силно невреме кое се’ уште трае.

Снимките кои ги објавува Centar.mk, се од селото Јанковец. Има неофицијални извештаи дека град паднал и во селата Кривени, Избишта и околните села.

Нема информации за евентуални штети на јаболковите насади, но во посочените региони има голем број на овошни насади со јаболка.

Во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град.

Под влијание на продор на студен атмосферски фронт утре претпладне ќе настапи преодно наоблачување со локален дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +