На собир со жителите од Општина Сарај, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направи презентација на кандидатот за првиот премиер Албанец, Насер Зибери, на парламентарните избори кои ќе е одржат на 15 јули ова година.
Во неговиот говор, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека и регионот се тресе поради една идеја бидејќи две недели во континуитет се зборува во домашните медиуми, но и на тие од регионот.
„Денеска новинарите ми поставија прашање зошто сега се појави идејата за премиер Албанец. Им одговорив, зошто не сега? Повелете, одговорете ми сега! Дали заштитници на оваа земја се само Зоран и Христијан, но не и Насер? Ако ги отвориме подобро документите, подобро да не ја отвориме оваа тема затоа што не се знае кој ќе биде староседелец. Ме разочараа затоа што побрзаа и негираа дека Албанец може да биде премиер во оваа држава, навистина се разочарав, сè уште не се сменети, сè уште имаат предрасуди дека само тие се сопственици на оваа држава. Тие се млади и јас ќе ги потсетам да ги прашаат нивните предци кои беа вклучени во политиката како поминале со математиката и со нас Албанците. Овие прашања не се играчка и ние со чувствата на граѓаните, особено на Албанците, не се шегуваме. Разочарувачки е што толку многу брзаа, наместо да ја поздрават оваа храбра идеја корисна не само за земјата туку и за регионот и за Европа затоа што придонесува за лојалноста на Албанците кон државата. Оваа држава има потреба од лојалност на сите страни, особено на двете поголеми заедници кои живеат тука и се носители на одговорноста на албанскиот и македонскиот интегритетот и суверенитет“, истакна претседателот на ДУИ.
Ахмети, меѓу другото, рече дека мисијата и идеалите се незаменливи и затоа, според него, имало многу можности да излезе кандидат од партиските редови, но целта била да се даде порака дека Албанците се единствени.
„Ние застанавме позади идејата и идеите се бесмртни, тие можат да се напаѓаат за одредено време, може да не триумфираат од разните напади, но нема сила што може да ги порази. Ние идејата ја предложивме 2009 година и топката пукна по единаесет години, во 2020 година. Ние сакавме кандидат Албанец којшто е докажан, кој имал искуство, како што е кандидатот Насер Зибери, кој бил дел од државните институции. Нема да паднеме во замката на скептиците и на злонамерните. Ние навистина бевме за консензуален претседател, таа идеја ја поставивме тука и ја реализиравме. Но, претседателот кој се натпреваруваше пред пет години не победи, но сега кога се натпреваруваше на избори со нашата поддршка победи и сега е на таа функција. Сакавме да дадеме порака за нашите сограѓани дека оваа земја оди напред обединета. 15 јули не е далеку, а на 16 јули, кој сака да разговара, ние сме тука, повелете”, истакна на крај претседателот на Демократската унија за интеграција.