Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Доаѓа продолжен викенд: Температурите ќе скокнат на 30 степени, а ќе има и невреме: Какво време да очекуваме?

Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на влажен бран кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а во сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 06.06.2020
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 19°С до 25°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6

Прогноза за 07.06.2020
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 08.06.2020
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 31°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Драма кај Стара автобуска во Радовиш: 22-годишник со „кавасаки“ удрил во ѕид

ДЕСК

Ноќна акција во Струмица: Кај беровчанец пронајдени дрога, оружје, муниција и полициска опрема

ДЕСК

Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

ДЕСК