Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Градежната офанзива низ целата држава не сопре ниту за време на коронакризата

Капиталните проекти продолжија со изведба со забрзана динамика и за време на кризата предизвикана од коронавирусот, велат од СДСМ преку соопштение.

„За помалку од три години рехабилитиравме повеќе од 750 километри патишта.

Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце – Крива Паланка.

Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патни правци: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани-Македонска Каменица, Делчево- Граничен премин со Бугарија, Ранковце-Крива Паланка, Куманово-Свети Николе.

За првпат по неколку децении изграден е мост на реката Брегалница, а наскоро започнува изградба на браната Отиња.

Измината година и годинава, нашата земја, во услови на корона криза, заврши 80% од магистралната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

Интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што се обезбедени 100 милиони евра за сите општини во земјата.

Во идниот период продолжуваме и со рехабилитација на 1.500 километри патна инфраструктура и изградба на автопатишта, експресни и локални патни правци.

Кризата ни покажа од колкава важност е патната инфраструктура и за да се спаси човечки живот.

И токму затоа остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза и ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава“, наведе СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК