Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен пешак во Автокоманда

Седумдесет и седумгодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската населба Автокоманда.

Според информациите на МВР, вчера во 14.20 часот на булеварот Александар Македонски автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(48) од Скопје, удрил во пешакот А.Б.(77) од Скопје.

Пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ДЕНЕС – До 32 степени, но чадорот не го оставајте дома: Попладне можен пороен дожд и грмежи

ДЕСК

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК