Centar.mk
СВЕТ

Иран го нападна аеродромот Бен Гуриoн во Тел Авив

Иранската војска денес соопшти дека успешно извршила напади врз Израел користејќи напредни дронови Араш-2, кои биле лансирани кон аеродромот Бен Гуриoн во Тел Авив.

Портпаролот на иранската армија, генерал Мохамед Акраминија, потврди дека нападот бил одговор на американско-израелската агресија против Иран.

„Повеќето дронови користени во нападот беа Араш-2, кои се напредни и поразорни од дроновите Киан и Араш-1. Дроновите Араш-2 имаат дострел од 2.000 километри и се познати како дронови за напади на Израел“, соопшти генералот.

Според него, поради својот мал попречен пресек, дрон Араш-2 лесно минува низ радари и е многу тешко за непријателот да го открие. Генералот исто така додаде дека Араш-2 може да изведува прецизни напади, да лета долго време и има ниска производна цена во споредба со другите дронови и противвоздушни ракети./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес ја стресе Турција

ДЕСК

Шпанскиот премиер повикува на создавање ЕУ војска: „Не за 10 години, туку утре“

C +

Трамп му постави нов ултиматум на Иран

C +