Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Јанушев не знае дека Франција закажала избори и манипулира со јавноста

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев не знае дека продолжението на изборите во Франција е закажано од пред неколку дена и манипулира со јавноста преку телевизискиот настап на Сител со тврдење дека официјален Париз не ги закажал изборите.

Оваа дезинформација Јанушев ја сподели во емисијата „Детектор“ во која соговорник му беше потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој пак како позитивни примери дека во јуни ќе имаат избори ги посочи Хрватска, Србија и Франција. Наспроти неговата точна информација дека во овие три држави ќе има избори, како и во други 20-тина низ светот, Јанушев настапи со лага дека избори во Франција ќе нема.

-„Вториот круг од локалните избори во Франција ќе се одржи на 28 јуни, повеќе од три месеци по првиот круг организиран среде пандемијата на коронавирусот, Откако ги анализиравме добрите и лошите страни, веруваме дека демократскиот живот мора да си ги врати своите права.“-изјави премиерот на Франција Едуард Филип.

Ваквиот настап на Јанушев е дел од редицата лаги и манипулации на ВМРО ДПМНЕ се со цел да нема избори. Целиот нивен концепт во изминатиот период е како да ги одложат изборите. Затоа Манчевски му објасни дека до крајот на мај, кога завршува вонредната состојба, ако нема консензус на партиите околу датум за избори, тогаш ќе продолжат да течат роковите за одржување на избори.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК