Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Државата ќе дели при пејд платежни ваучери на граѓаните со износ до 150 евра – еве кој се’ ќе биде опфатен

За најзагрозените од кризата поради коронавирусот, Владата, предвидува средства кои ќе бидат вбризгани директно кај граѓаните.

Па така средношколците и студентите би добиле помош од 100 до 150 евра кои би можеле да ги искористат за кофинаснирање, обуки за ИТ вештини или сместување.

Третиот пакет на мерки, според неофицијални информации, предвидува и поделба на припејд картички со вредносен ваучер за загрозените граѓани, под специјални услови. Поддршка ќе добијат и невработените, а средствата неофицијално ќе може да ги потрошат во купување на храна, облека или услуги од македонските компании.

Третиот пакет особено ќе понуди поддршка и на угостителскиот сектор

Лекарите ќе добијат повисока плата за уште 20 проценти во следните месеци, како награда за добро сработената работа.

Земјоделците пак ќе добијат платежни картички за набавка на гориво, ќе има и директна финансиска помош за преструктуирање на производството.

Третиот пакет мерки се очекува да се очекува на стартот на следната недела.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК