10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Кафулињата и рестораните се отвораат следната седмица?

Кафулињата и рестораните се отвораат следната недела. Од угостителскиот сектор се уште немаат добиено прецизни информации, кога ќе започнат со работа.

Засега е познато дека најверојатно дозвола за работа, само на летните тераси и отворените простори под посебно прецизирани услови ќе биде дадена уште во средината на следната недела.

Кафетериите и рестораните ќе работат со доста помал капацитет, па така масите ќе мора да бидат оддалечени, а на една маса ќе може да седнат максимум четири лица, кои не мора да бидат од иста фамилија. Сепак бројот на лица кои би можеле да седнат на една маса би бил ограничен според димензиите на масите.

Истовремено ќе бидат отворени и плажите на Преспанското, Охридското и Дојранското крајбрежје.

Оваа недела е можно и олабавување на полицискиот час.

И натаму останува обврската за носење на маски во затворени простории или таму каде што не може да се оддржи дистанца од 1,5 метра.

Спонзорирано: