16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, негира дека му кажал на обвинетиот Бојан Јовановски оти него и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, ги следат странски служби.

„Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако, секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам и ќе го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата кога сме биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум коментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал затоа што законите мора да важат еднакво за сите“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Претходно денеска, Јовановски на рочиштето за „Рекет“ рече дека поранешниот премиер Зоран Заев, по емитувањето на емисија на „1ТВ“, во неговата канцеларија во телевизијата го известил дека него и тогашната специјална обвинителка, Катица Јанева, ги следат странски служби и дека ситуацијата е сериозна.