Centar.mk
МЕТЕОCENTARТОП ВЕСТИ

Облачно и ветровито со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд на североистокот и со повеќе сончеви периоди во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 65 км/час), особено изразен по должина на поширокото Повардарие, на поголемите височини и на истокот од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Утре времето ќе биде претежно сончево, од попладне облачноста ќе се зголеми. Поради студен воздушен бран, в среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и има појава на умерен до повремено пороен дожд особено во западните делови и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Тогаш дневните температури ќе се пониски. И наутро ќе биде посвежо, но утринските температури ќе останат над нулата, а деновите ќе бидат во постепен пораст.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СНЕГ ВО НАЈАВА: Метеоролозите објавија нова 4 дневна прогноза

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК