15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев

„Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев. Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија. Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината“, порача премиерот Оливер Спасовски на „Фејсбук“, на одбележувањето на 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев.

„Како што истакнува Пејо Јаворов, соборец на Делчев и негов прв биограф, ‘македонскиот народ го гледаше во неговото лице својот најблизок, најверен, најсакан учител, пријател и син’. Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко.

Како што укажа неодамна и Кица Колбе: Визијата на Гоце Делчев за „културниот натпревар“ ја антиципира идејата на европското обединување половина век пред нејзиното пројавување по Втората светска војна. 117 години по неговата трагична смрт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи“, додава Спасовски.

Спонзорирано: