Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

Утре и во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.

Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.

Прогноза за 23.03.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец, Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Прогноза за 24.03.2026
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 25.03.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК