Додека граѓаните, јавноста со гнев се сеќаваат и ги осудуваат насилствата од 27 април, носителите на ВМРО-ДПМНЕ ги слават насилниците и промовираат насилство, реагираат од СДСМ:
Ништо не е сменето во ВРМО-ДПМНЕ, ако пред три години оваа партија од позиција на режим организираше насилен упад во Собранието кога беше извршен обид за убиство на пратеници, денес носители на пратенички листи од оваа партија јавно бранат насилници и се закануваат со нови насилства.
Носителката на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска, инаку кадар на Никола Груевски застана јавно во одбрана на насилниците кои организирано упаднаа во Собранието и кои сакаа да убијат пратеници и новинари.
Носителот во петтата изборна единица Игор Дурловски кој заедно со толпата влезе во Собранието, денеска, ги оправува оние со кои упадна во Собранието и најавува нови битки.
Ваквите ставови на високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека партијата предводена од Мицкоски не само што не се оградува од насилството од 27 април, туку напротив, тие ги слават насилниците и сакаат пак да го вратат насилството.
И по три години од најцрниот датум за нашата демократија, ВМРО-ДПМНЕ останува во истата насилничка матрица и натаму шири омраза, поделби и конфликти.
Граѓаните го препознаваат ваквото насилничко и деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа никогаш повеќе нема да дозволат враќање на режимот кој со години ја имаше заробено државата.
Режим – никогаш повеќе!