13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Директорот на БЈБ Саше Тасевски предмалку обелодени – запленети се 1 тон и 240 килограми дрога

Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата против недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи, предмалку информираше директорот на БЈБ, Саше Тасевски.

– Лишено е од слобода едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци. Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица инволвирани во случајот на недозволена трговија со марихуана, соопшти Тасевски.

 

Спонзорирано: