Уживајте во празничната магија со вкусниот кремаст пијалак…
Состојки:
6 свежи јајца; 150 гр шеќер; 500 мл млеко; 400 мл слатка павлака; 350 мл рум, бурбон или мешавина
свежо рендано оревче или цимет, по вкус
Начин на подготовка:
Разматете ги жолчките во чинија на со 100 гр шеќер додека смесата не стане бледо жолта.
Во млекото измешајте слатка павлака и рум или бурбон. Можете да додадете малку мускатно оревче или цимет по вкус.
Ставете ја смесата во две шишиња од по 750 мл и чувајте во фрижидер.
Разматете ги белките додека не станат пенасти. Додајте го останатиот шеќер и продолжете со матење.
Ставете ја напивката од шишињата во голем сад и измешајте ја со белките.
На крај ставете во чаши и послужете со малку свежо рендано оревче или цимет.
Уживајте!