Македонија очекува еднаков третман со другите кандидатки за членство во Европската Унија, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вчерсшниот самит за проширување во Брисел. Таа побара дијалог во кој и Унијата и земјите кандидатки ќе можат да ги изнесат своите аргументи.
Сиљановска-Давкова ги издвои владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата како области во кои земјата има капацитет да напредува. Според неа, спроведувањето на реформите зависи од домашната политичка волја и од поттикот на Унијата.
Во програмата на посетата се предвидени и средби со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, Алексус Грегори Гринкевич, во Монс.


