4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

НДИ со анкета на јавното мислење: Заев има наклонетост од 44% од граѓаните, Мицкоски само 25%

Во најновата анкета на Националниот демократски институт (НДИ) спроведена во периодот пред да се одложат изборите, лидерот на СДСМ има наклонетост од 44 отсто од граѓаните. За разлика од него, лидерот на ВМРО ДПМНЕ има само 25 отсто. Висок е и процентот на граѓани, 48 отсто, кои ја одобруваат работата на Заев како премиер.

Позитивните бројки за Заев се пресликани и кај процентите за партиите. Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ води за 5% пред коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Ова се резултати од анкетата на прашањето за кого ќе гласате на изборите на 12 април. Според оваа анкета СДСМ има 22.9 отсто од гласовите, БЕСА има 1.7 отсто, па со тие проценти од 24.6 водат пред ВМРО ДПМНЕ која има 19.6 проценти.

Висок е процентот на граѓани кои се изјасниле дека СДСМ заслужува втора шанса. Дури 43 отсто од испитаниците веруваат дека оваа партија треба да го заврши тоа што го почнала. 47 отсто од граѓаните пак сметаат дека ВМРО ДПМНЕ не заслужува да победи на изборите.

Сите позитивни атрибути, гласачите преку анкетата на НДИ, ги поврзуваат со СДСМ. 43 отсто одговориле дека ЕУ и НАТО се врзуваат со СДСМ, а само 14 со ВМРО ДПМНЕ. Во борбата против корупција во СДСМ веруваат 21 отсто, додека во ВМРО ДПМНЕ само 14. 27 проценти. На крајот на прашањето дали им верувате, СДСМ има поддршка од 27 отсто, додека ВМРО ДПМНЕ од 19 проценти.

Позитивниот скор што го бележи Заев во анкетата се должи и на меѓународните политики. Имено високи, над 80 отсто од граѓаните веруваат во ЕУ и во НАТО. А исто така, огромен број гласачи веруваат дека државата има капацитет да преговара за влез во Европската Унија.

На прашањето дали државата оди во правилна насока 34 отсто одговориле потврдно, а 20 отсто негативно. Како причини за подобрување на ситуацијата граѓаните ги наведуваат покачената минимална плата, покачените пензии, подобрувањето на економијата…