6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За да не ескалира заразата: Вонредна состојба и одлагање на изборите

Изборите дефинитивно се одложуваат, одлучија лидерите на најголемите партии едногласно на денешната лидерска средба кај Претседателот Стево Пендаровски.

На лидерската средба кај шефот на државата Стево Пендаровски, постигнат е консензус за одлука за одложување на изборите.

Експери од правната област уште денеска ке се состанат кај претседателот Пендаровски за да изнајдат решение како да се прекинат роковите за избори. На состанокот ќе присуствуваат и техничкиот премиер Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Нов датум не е определен, бидејќи станува збор за иклучително сериозна ситуација во која не може да се предвиди кога би се стишала опасноста од коронавирисот. Изборите ќе се одржат кога ќе има нормална состојба и минимум услови за изјаснување на граѓаните.

Здравјето на граѓаните нема цена, е оценката на сите политички лидери.

 

Заев: Треба да се прогласи вонредна состојба

„На оваа средба го споделивме ставот дека нема услови за спроведување на изборите и сите наши капацитети ги ставаме во фунцкија на заштита на здравјето“, изјави по денешната лидерска средба во претседателската вила на Водно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој предложил во земјата со оглед на најновите информации во врска со ширењето на вирусот да се прогласи вонредна состојба.

„Сега кога имаме заеднички непријател не е време за политички противници. Заштитата на граѓаните е тоа кон кое треба да се сите насочени. Сакам да најавам дека подготвуваме сет на економски мерки за помош на најпогодените. Сите мора да се однесуваме солидарно, маката да ја поделиме и да излеземе посилни. Имајќи ја предвид ситуацијата, воведувањето вонредна состојба е неопходно за да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните и економските мерки за стопанството и граѓаните. Јавно признание и почит на сите против борбата со овој вирус. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предизвик. Затоа е важно сите граѓани да останат посветени на заштита од спроведување на мерките и препораките, да покажеме одговорност и да си ја заштитиме државата. Истовремено, му дадовме право на претседателот Пендаровски да свика експертска група и да ги најде правно-моралните модалитети за одложување на изборите и за нивно повторно распишување. Верувам дека консензусот постигнат од сите е сериозна порака од сите. Верувам ќе се најдат правни формулации. Верувам дека институциите ќе донесат одлука за прогласување вонредна состојба“, изјави Заев по средбата, додавајќи дека согласни за прогласување вонредна состојба се и техничкиот премиер Оливер Спасовски, но и шефот на државата Пендаровски, кој според Уставот треба да ја прогласи доколку Собранието не е во можност.

 

Мицкоски не сака вонредна состојба

Лидерот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека најпрвин треба да се прогласи 30 дневна кризна состојба на целата територија па потоа да се направи дополнителна проценка.

Тоа што е став на ВМРО-ДПМНЕ е да се почитуваат Уставот и законите, изјави по денешната лидерска средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кого вонредната сотојба е пропишана само во еден член од Уставот, додека за кризната состојба е предвиден цел закон.

„Имаше неуставни предлози да се свика Собранието. Од наша страна беше посочена реалноста во Македонија, а тоа е дека оваа реалност не може да се спореди спореди со минатото. Нашиот став е дека е потребно после лидерската средба да се формира експертски тим кој ќе донесе правен фундамент за одложување на изборите. ВМРО-ДПМНЕ е за тоа да се прогласи кризна состојба, а не вонредна. Уставот предвидува вонредна, а не кризна состојба. Но вонредната сотојба е регулирана само со еден член од Уставот, и не е регулирана со закон. Постои закон за справување со кризи, како што беа поплавите во Скопје. Можеби треба експертите најпрво 30 дена да се согласат да се прогласни кризна состојба потоа да се примени прогласување вонредна состојба“, рече Мицкоски.

Спонзорирано: