Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Сугарески: Ќе се реконструира и делот од Фариш до Прилеп со што добиваме нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп

На мое лично задоволство, заедно со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, извршивме увид во реконструкцијата на делница од Дреново до Фариш, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

– Инвестицијата е со вредност од 1, 5 милиони евра со што целосно ќе се реконструира делницата во ширина од 6,7 метри која воедно е и најоштетена од овој пат, рече Сугарески.

– Исто така сакам да најавам дека целосно ќе се реконструира и делот од Фариш до Прилеп со што добиваме нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп.

Ова е главната врска што не спојува нас жителите од Прилеп, од Битола, Ресен со Централниот и Источниот дел од земјата и затоа мораме се до изградбата на експресниот пат, оваа делница да биде безбедна за сообраќај и реконструирана по сите стандарди, додаде министерот за транспорт и врски.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +