Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

УХМР издаде ново метео предупредување – Невреме во делови од Македонија

Денес во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер (над 70 км/час) од јужен правец, особено во источните делови.

Ноќеска од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјава.

Во текот на ноќта и утре врнежите на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).

Во Скопје кон крајот на денов и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во вториот дел од ноќта и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +