Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шкријељ најави повеќе жени раководителки: Во програмата ќе предвидиме и миниумум процент на учество на жени на сите извршни функции!

„Сметам, и тоа ќе биде дел од програмата, дека мора да воведеме, да поставиме некој минимум процент на учество на жени на сите извршни функции кои што ќе ги именува Владата“, најави заменик-министерката за труд и социјална политика Санела Шкриељ, во денешното гостување на „Отворено“ на ТВ 24,
„Сметам дека последните чекори покажуваат зголемена свесност дека жените подеднакво можат и умеат, не само подеднакво. Она што го покажуваат и сите анализи и искуствата во светот дека и те како поодговорно да менаџираат со ресурси, институции, со партии и останато.“, истакна Шкриељ во денешното гостување на „Отворено“ на ТВ 24.
Таа потенцираше дека СДСМ препозна дека клучот за развојот и прогресот е во еднаквата застапеност на жените. “Токму затоа она со што се донесе одлука е, не само еднаква застапеност на жените во сите управувачки структури во партијата, туку и еднаква застапеност на листите“, рече Шкриељ.
Системот којшто сега се нуди е систем којшто гарантира дека жените ќе бидат подеднакво застапени на пратеничките листи, потенцираше таа во денешното гостување на „Отворено“ на ТВ 24, Шкриељ истакна дека СДСМ цврсто стои зад еднаквата застапеност на мажите и жените.
„Сметаме дека е време за 50 – 50, дека е време за силни и солидарни жени кои што ќе застанат позади овој концепт и да време е за радикални промени во нашето општество. Во изминатите 2,5 години мислам дека покажавме дека може да се превземат крупни чекори кои што ќе водат до унапредување на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите“, посочи Шкриељ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +