Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шкријељ: Сметаме дека е време за 50-50, време е за силни и солидарни жени!

Во денешното гостување на „Отворено“ на ТВ 24, заменик-министерката за труд и социјална политика Санела Шкриељ истакна дека СДСМ цврсто стои зад еднаквата застапеност на мажите и жените
„Сметаме дека е време за 50 – 50 , дека е време за силни и солидарни жени кои што ќе застанат позади овој концепт и да време е за радикални промени во нашето општество. Во изминатите 2,5 години мислам дека покажавме дека може да се превземат крупни чекори кои што ќе водат до унапредување на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите“,, посочи Шкриељ.

„Би ги спомнала само новиот Закон за абортус којшто значи слобода и автономија на жената да одлучува за сопственото тело, би ја спомнала ратификацијата на истанбулската конвенција и сите нови сервиси кои што ги отворивме се со цел превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените, би го спомнала новиот Закон којшто работи за превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените за разлика од досега препознаеното само семејно насилство, новиот Закон за заштита и превенција од дискриминација, понатаму развојот на услугите на локално ниво во социјалната заштитата што значи директно инвестирање во економијата на грижа“, истакна заменик-министерката Шкриељ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +