21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Д-р Филипче: Возачот на комбето со сомнителни симптоми е изолиран во болницата во Струмица

Возачот на комбето, со кој патувала пациентката кај која беше откриен корона вирусот, сигнализирал дека има кашлица и болки во градите, по што бил спроведен во соба за изолација во болницата во Струмица, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче.


Тој соопшти дека возачот бил во домашна изолација и немал контакти со други лица, а по појавата на овие симптоми сам се јавил кај надлежните здравствени органи во Струмица.

Министерот Филипче информираше дека за овој случај се во тек анализи кои треба да покажат дали станува збор за случај на корона вирус и од добиените резултати ќе бидат преземени следните чекори околу неговото натамошно лекување.

Воедно министерот Филипче соопшти дека резултатите кај вториот сомнителен случај се негативни, и нагласи дека кај останатите лица што се во изолација во домашни услови и под медицински и безбедносен надзор, досега не се регистрирани симптоми на заразеност со корона вирус.

Во насока на натамошна соодветна превенција, министерот Филипче информираше дека Владата донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6ти март.

Тој нагласи дека препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири како што се Струмичкиот карневал и карневалот „Прочка“ во Прилеп, каде се очекува голем број странски гости, вклучително и од регионот на северна Италија.

Исто така Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6ти март да се играат без публика.

Во овој момент, рече министерот Филипче, нема епидемиолошки причини за изричита забрана на јавни собири, но апелираше на воздржаност од присуство на поголеми јавни собири и на придржување до мерките за заштита.

Министерот за здравство д-р Филипче нагласи дека ситуацијата е под контрола и дека доколку се покаже за потребно воспоставениот систем за мониторирање и заштита е подготвен веднаш да ги преземе соодветните дополнителни мерки за изолација и запирање на ширењето на вирусот.

Министерот Филипче информираше дека Владата ја следи состојбата со залихите на заштитните средства и лекови во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените ќе преземе соодветни мерки.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Обединети нации: Коронавирусот го уназади човечкиот развој за пет години

M T

Внимавајте при земање на овој витамин: Лекарите го поврзуваат со корона вирус

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T