Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Снег вее низ Македонија: Внимателно на овие правци

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ ЗА ТТВ: На патниот правец од раскрсница Маврово кон Дебар и обратно воведена е забрана за ТТВ поради врнежи од снег. Од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража, поради врнежи од снег, воведена е забрана за ТМВ.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Снег со слаб интензитет паѓа во Ресен и на планинскиот премин Стража.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК