Колку личноста е повозрасна, толку и шансите се поголеми коронавирусот да биде фатален.
Досегашните податоци на смртни случаи од коронавирусот покажуваат дека 14,8 отсто од заболените кои биле на возраст над 80 години умреа од вирусот. Овој процент се намалува како што се намалува и возраста на заразените. Па така, досега умреле 8 отсто од заболените на возраст од 70-79 години, 3,6 проценти од оние на возраст од 60-69 години, 1,3 отсто на возраст од 59 – 59, 0,4 проценти на возраст од 40-49, 0,2 отсто од оние на возраст од 10 до 39 години. Засега нема мртви кај децата до 9 години.
Според полот пак, 2,8 отсто од заболените мажи умреа, додека кај жените тој процент е 1,7.
И досега беше познато дека коронавирусот е пофатален за оние кои боледуваат од други болести.
Податоците покажуваат дека 10,5 отсто од заболените кои веќе боледувале од кардиоваскуларни болесни умреле од коронавирусот. 7,3 проценти кои имале дијабетес, 6,3 отсто со хронични респираторни болести, 6 проценти со хипертензија, 5,6 отсто кои имале рак, а само 0,9 од умрените немале хронични болести пред коронавирусот.