До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и топло преку денот. Ќе дува умерен до засилен ветер, денес од северен, а потоа од јужен правец.
Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен западен и северозападен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.
Прогноза за 26.02.2020
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 13°С до 20°C
Сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Прогноза за 27.02.2020
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 14°C
Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.
Прогноза за 28.02.2020
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 7°C до 16°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер.